Македонската одбојкарска репрезентација со победа го отвори настапот на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски со триумфот над Данска од 3:1 по сетови 22:25, 25:22, 25:29 9 25:22 го направија првиот чекор кон пласман во елиминациската рунда на континенталниот шампионат.
Во првиот сет се водеше неизвесна битка за секој поен, но тој на крајот им припадна на Данците.
Идентична беше сликата во продолжението од натпреварот, но овој пат македонските одбојкари беа далеку посигурни и успеаа да го решат во своја полза и да израмнат на 1:1.
Во третиот сет игравме извонредно и уште на самиот старт имавме предност која ја задржавме до крајот и во завршницата од дуелот влеговме со водство од 2:1.
Неизвесноста продолжи и во четвртиот сет во кој Данците беа во постојана предност, а во финишот водеа со 19:17.
Во тој момент се случи пресврт, нашите одбојкари стигна до предност од 24:22, а веднаш потоа и да стигнеме до поен кој ни донесе голема победа и триумфален старт на Европскиот шампионат.