Во првото полуфинале на Европското одбојкарско првенство ќе се соочат Словенија и Полска. Ова е епилогот по двата четвртфинални дуела одиграни синоќа.
Најпрво Полска со максимални 3-0, по сетови 25:19, 25:21 и 25:18 ја совлада Германија, додека Словенија во Љубљана беше поуспешна од Русија со 3-1, по сетови 25:23, 25:22, 21:25 и 25:21.
Вечер на програмата се другите два четвртфинални меча:
Србија – Украина (почеток 20:30 часот) и
Франција – Италија (почеток 21 часот).