Црна Гора продолжи со одличните настапи на Европското првенство (ЕП) во ракомет, па така денеска ја запиша првата победа во втората фаза од натпреварување, и тоа убедливо против фаворитот Хрватска со 32-26, додека Шведска ја совлада Русија со 29-23.
Најдобри во победничката екипа беа Милош Вујовиќ и Бранко Вујовиќ со по седум голови, додека кај Хрватска најефикасен беше Иван Чупиќ со седум погодоци.
Шведска ја победи Русија во првиот меч од втора фаза со 29-23 и така се вклучи во битката за топ-3 позициите во групата.