Репрезентацијата на Црна Гора вечерва во Дебрецин ја победи Словенија со 33:32 и си обезбеди учество во втората фаза на Европското ракометно првенство.

Црногорците охрабрени од победата над Македонија извојувана во саботата, одиграа пожртвувано до самиот крај и успеаја негативата од три гола (16:19) што ја имаа по првото полувреме, да ја претворат во голем триумф.

Јунак на мечот беше голманот на Црна Гора, Небојша Симиќ со неколку извонредни одбрани во моментите кога се одлучуваше победникот.

За Црна Гора пласманот во главната фаза на Европското првенство е прв во нивна историјата.

Од А-групата, претходно место во следниот круг си обезбеди Данска која вечерва, во 3.коло ќе биде апсолутен фаворит на средбата со македонската репрезентација.