Пред малку заврши мечот од ЕП во ракомет меѓу Хрватска и домаќинот Австрија. Хрватите лесно победија во овој натпревар, на крајта со 27:23, но нивната победа во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Хрватска всушност ја покажа вистинската сила на австрискиот тим кој лесно излезе на крај со нашата репрезентација, односно покажа дека Австријците сепак се „втора лига“ во европскиот ракомет.

Претходно, Шпанија на импресивен начин ја почна втората фаза на Европското ракометно првенство. Бранителот на титулата ја победи Чешка со 31:25 за потврдување на улогата на фаворит пред натпреварот.

„Фуријата“ имаше комотни 14:9 на полувреме, предност што рутински ја задржа до крај на средбата.

Алекс Душебаев и Анхел Фернандез постигнаа по пет гола за шпанската селекција, додека најефикасен во мечот беше Чехот Ондреј Здрахала со осум погодоци.