По завршување на натпреварите во текот на вчерашниот ден, познати се четири репрезентации кои се пласираа во четвртфиналето на Европското  првенство за фудбалери до 21 година.

Холандија и Германија се пласираа во четвртфиналето од групата А, Шпанија и Италија од групата Б.

Турнирот го напуштаат Романија, Унгарија, Чешка и Словенија.

Преостанатите патници во четвртфиналната фаза ќе бидат познати денес по комплетирањето на третото коло. Двојките се:
Данска – Русија
Хрватска – Англија
Исланд – Франција
Швајцарија – Португалија.