Епископ Велички Гаврил Светогорец

„Оние што воопшто не постат нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството Небесно.
Но тие не можат веднаш да го усвојат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и во петок, во првата и во последната недела од постот, а потоа со текот на времето ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат полното правило, така што по некое време и тие ќе постат уредно…
Освен тоа, почетникот најнапред може во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, така што со текот на времето ќе мине на целосен пост.“
Вака поучува за постот нашиот отец Гаврил, големиот испосник и духовен отец, Епископот Велички, Лесновскиот чудотворец кој постојано живееше во најстрог пост:
(„Правила и одредби на Право-славната Црква за постот“, Епископ Велички Гаврил Светогорец).