Епл стана првата компанија во свет чија пазарна вредност достигна илјада милијарди. Акциите на компанијата на њујоршката берза вчера изнесуваа 201,5 долари а денеска пораснаа за 2,75 отсто и достигнаа рекордни 207,05 долари.
Вкупната вредност на компанијата Епл со ова надмина илјада милијарди долари што досега не и успеа на ниту една компанија во светот.
Порастот на пазарната вреднсот на компанијата се случи два дена откако челниците на овој технолошки гигант соопштија дека оствариле зголемување на приходите кое ги надминува сите очекувања.