– Лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер ќе иницира разговори со унгарскиот премиер Виктор Орбан за прашања поврзани со членството на партијата на Орбан, Фидес во ЕПП, објави „Велт ам зонтаг“.
Портпаролот на унагрскиот премиер Берталан Хаваси одби да ја коментира оваа информација.
Вебер, како што пишува онлајн изданието на „Велт“, рекол дека сака „на Орбан да му даде јасно на знаење оти моментално е на пат да излезе од ЕПП“.
Тој додал дека проблемот не е „судир меѓу Истокот и Западот или околу мигрантската политика“, туку се работи за основните вредности на ЕПП и Европската Унија.