Ги намами галебите со трошки од леб во 7 часот наутро, во нивниот караван, а потоа преостанатиот леб го расфрлала на покривот.

Британката Хедер Минчул (37) во своето видео на „ТикТок“ раскажа како отишла на дводневен одмор во камп со сопругот и малите деца, но нејзиното време да се опушти во тишина го расипале другите бучни кампери кои пуштале гласна музика до раните утрински часови.

Наскоро, сите птици од областа се собрале на покривот, „расправајќи” се за трошките од храна.

– Дали погрешив? Мислам дека не, одмаздата е ку… – вели мајката во своето видео, а мислењата беа поделени.

– Не мора да им враќате така, особено ако се помлади, луѓето се желни да се забавуваат и да се дружат, напиша една од следачите, но ненаспаната мајка не била премногу заинтересирана за тоа.

– Разбудете се, разбудете се! –  додаде весело Хедер во второто видео, а на повеќето корисници на ТикТок им се допадна нејзината иновативна одмазда.

@heatherminsh##payBack ##IWin 😂😂

♬ original sound – Heather