„Ер Албаниа“ е новиот авиопревозник кој ги завршува преговорите за партнерство со „Туркиш ерлајнз“, по што се очекува уште летово албанската компанија да почне со првите летови кон европски дестинации.
Еден од претставниците на заедничката компанија изјавил дека од декември годинава „Ер Албаниа“ ќе почне и со првите трансатлантски летови.
Албанската влада пред еден месец му нареди на националниот контролор на авиосообраќајот АлбКонтрол да преговара за здружување со „Туркиш ерлајнз, а новофромираната албанска команија МДН инвестмент да формира нова национална авиокомпанија. МДН е формирана на 3 мај и нема претходно искуство авиоосообраќајот.
Но, сопственикот на компанијата, Синан Идризи, кој е познат по спонзорирањето на клубови во неговата родна Влора, изјави дека наскоро ќе почнт со првите летови и дека екипажите веќе се на обуки во Турција.
„Ќе имаме агресивен настап на пазарот“, изјави Идризи.
Тој има бизниси во Турција, но одби да каже колку ќе инвестира во новоформираната компанја. Почетниот капитал на МДН изнесува само 100.000 евра.
Албанскиот премиер Еди Рама лани изјави дека лично турскиот претседател Ердоган ќе помогне да се регистрира албански национален авиопревозник. Рама, пак, вети дека во Влора ќе изгради аерододром.
Според официјалните инфромации АлбКонтрол и МДН ќе го имаат управувачкиот пакет во новата компанија од 51 проценти.