Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека ако падна либиската Влада, што има поддршка од Обединети нации, ќе зајакне исламистичкиот тероризам.
– Европа ќе се соочи со нови низа проблеми и закани ако падне легитимната либиска Влада, напиша Ердоган во текст за порталот „Политико“.
Тој наведе дека терористичките организации како Исламска држава и Ал Каеда ќе имаат корист од тоа.
– Организациите што беа воено поразени во Сирија и во Ирак ќе најдат плодна почва повторно да застанат на нозе, потенцира Ердоган.