Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му рекол на американскиот претседател Џо Бајден дека Соединетите Американски Држави имаат историска одговорност.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му рекол на американскиот претседател Џо Бајден дека Соединетите Американски Држави имаат историска одговорност да постигнат траен прекин на огнот во Газа што е можно поскоро, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
„Продлабочувањето и продолжувањето на израелските напади во Газа може да има негативни регионални и глобални последици, му рекол Ердоган на Бајден, соопшти неговиот кабинет. „Историска одговорност на САД е да обезбедат траен прекин на огнот во регионот што е можно поскоро“, рекол Ердоган.
Ердоган рекол дека повлекувањето на американската безусловна поддршка за Израел може да обезбеди брз прекин на огнот и дека барањата за таков чекор се сѐ погласни во последните денови во светот и во САД. Ердоган и Бајден разговарале и за процесот на пристапување на Шведска во НАТО и односите меѓу Турција и САД, вклучувајќи го и прашањето за продажбата на американски борбени авиони Ф-16 на Турција, соопшти кабинетот на турскиот претседател, пренесе Скај Њуз.