За само три месеци, Турција изгради болница во гратчето Фиер во Албанија на површина од 17 500 м2 или со големина колку три фудбалски игралишта.

Болницата ја вети турскиот претседател Ердоган во првата седмица од јануари. Тогаш рекол дека ќе биде готова за три месеци, пред изборите на 25 април.

Сега, откако болницата е готова, Ердоган порача дека се надева дека болницата која официално е отворена денеска, ќе биде нов поттик за солодарноста меѓу Турција и Албанија.