Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 8 и 9 јули ќе престојува во посета на Сараево, по повод Самитот на Процесот за соработка во Југоситочна Европа (SEECP), со кој претседава Босна и Херцеговина,јави Анадолија.
Шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, преку Твитер го објави соопштението за посетата на Ердоган на Босна и Херцеговина.
Во соопштението се вели дека Турција силно го поддржува Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
„На состанокот ќе се разговара за чекорите за развој на соработката на Балканот, првенствено за економијата, трговијата, транспортот, инфраструктурата и инвестециите“, соопшти Алтун.
Додаде дека се очекува Ердоган во текот на посетата да се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со одредени лидери на земјите учеснички на Самитот.
Се очекува Ердоган да има средба и со делегацијата на турскиот баталјон кој дејствува во составот на силите на ЕУФОР во Босна и Херцеговина.