Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Русија Владимир Путин, премиерот на Бугарија Бојко Борисов и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Истанбул свечено го пуштија во употреба гасоводот „Турски тек“.

Денес беше пуштен во употреба дел од гасоводот од руска Анапа до турскиот град Кијакеј, со цевки под Црното Море.

Вториот крак од гасоводот, наменет за снабдување со руски гас на јужна и југоисточна Европа, е во фаза на изградба и ќе оди од турската граница, преку Бугарија низ Србија до Унгарија.