Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Русија, САД и Франција ја снабдуваат Ерменија со оружје.
– Ерменија повторно го прекрши прекинот на огнот. Минската група на ОБСЕ, која се состои од Русија, САД и Франција, и даваат на Ерменија целосна поддршка со оружје. Тие се на страната на Ерменија, истакна Ердоган.
По започнувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, поради Нагорно-Карабах, Ерменија прогласи воена состојба и, првпат, општа мобилизација, обвинувајќи ја Анкара дека активно го поддржува Баку. Во Азербејџан беше воведена делумна мобилизација, а на некои места воена состојба.
Лидерите на Русија, САД и Франција ги повикаа спротивставените страни да ги прекинат судирите и да започнат преговори без предуслови. гт/
2020-10-18 16:11:27, од Габриела Точко