Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека смртта на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е пресврт во заедничката борба против тероризмот.
Ердоган на Твитер објави дека Турција платила висока цена во борбата против тероризмот, вклучително и против курдските борци од редивите на Силите за заштита на народот во Сирија.
„Убеден сум дека одлучна борба против тероризмот ќе донесе мир за целото човештво“, напиша Ердоган. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за борба против тероризмот.