Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека државата е подготвена да води борба против терористичките групи во оние реони од Сирија од кои ќе се повлечат американските војски.
– Турција е подготвена да преземе на себе одговорност за борбата против терористите во оние реони на сирија од каде ќе се повлечат американските војски, нагласи Ердоган.
-Најмирните реони во Сирија се тие каде Турција помогнала за враќање на безбедноста, додаде тој.
Според него, „чекорите за формирање зона за безбедност во Сирија треба да бидат преземени што е можно побрзо“. Во говор на турско-американски совет во Анкара, Ердоган додаде дека успешно се надминати сите „тешкотии и предизвици во турско-американските односи“.