Фудбалерот за врска на Пари Сен-Жермен, Андер Ерера не верува дека загубата на напаѓачот Нејмар ќе биде критична за тимот. Дваесет и деветгодишниот Бразилец поради повреда ќе биде надвор од фудбалските терени околу еден месец и ќе го пропушти првото осминафинале во Лигата на шампионите против Барселона.
– Минатата година имавме и натпревари без Мбапе и Нејмар, и се вративме. Нејмар е важен, но ние имаме добра клупа и добар список на играчи кои можат да ја преземат лидерската улога, изјави Ерера за „Спорт.ес“.
Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите ПСЖ – Барселона ќе се одржи на 16 февруари.