Илјадници Американци синоќа му оддадоа почит на убиениот политички конзервативен активист Чарли Кирк на бдеења низ целата земја. На настан во Де Мојн, Ајова, присуствуваше и неговата сопруга, Ерика Кирк.

Пред насобраните беа прикажани фотографии од Кирк и неговото семејство, како и снимка од говорот на неговата сопруга, која порача дека „борбата на нејзиниот сопруг била духовна, а не само политичка“ и дека тој „сега носи круна на маченик“.

– Злосторниците што го убија мојот сопруг немаат поим каков оган запалија во мене. Криковите на оваа вдовица ќе одекнуваат низ светот како боен повик, изјави Ерика Кирк.

Погребот ќе се одржи во Аризона, но датумот не е објавен. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе присуствува на погребната церемонија.

Во меѓувреме, 22-годишниот осомничен Тајлер Робинсон се соочува со обвиненија за тешко убиство, нелегално користење оружје и попречување на правдата.

Чарли Кирк (31) беше убиен на 10 септември за време на настап на универзитет во Јута.

ФОТО: ЕПА