Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Од рафинеријата Ла Пампила протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите кои ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга.

Претставници на Министерството за надворешни работи го повикаа операторот Репсол да плати отштета.

„Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случи околу Лима во последно време и која сериозно оштети стотици семејства на рибари. Репсол мора веднаш да ја надомести штетата“, објави Министерството на Твитер.

Портпаролката на компанијата Тина Ван Ден Вол Бејк ја негираше одговорноста, велејќи дека излевањето се случило во ограничена област.