Со концерт на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски вечер ќе биде отворено 22. издание на традиционалната манифестација „Есенски музички свечености“ 2021.
Националниот ансамбл „Танец“ повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа.
Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапувано со ансамблот. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како и за македонската музичка култура во целост.
Билетите се во продажба „онлајн“ на karti.com.mk, а ќе се продаваат и пред почетокот на концертот на влезот на Македонска опера и балет.