Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за Гласот на Америка иако не сака директно да го коментира проектот за автопатите, вели дека американската амбасада во Скопје е во секојдневна комуникација со Владата на тема борба со крупцијата.
„Ќе ви кажам дека нашата амбасада во Скопје има дневни контакти со владата и тие разговараат за многу работи, вклучително и за корупција и за владеење на правото. Нема да коментирам за тој конкретен проект. Ќе коментирам генерално. Имаме силен интерес да се погрижиме Северна Македонија и останатите земји од регионот да го направат својот дел за намалување на корупцијата и спроведување на владеењето на правото.“ – изјави Ескобар.