Севернокорејската нуклеарна и ракетна програма не само што се недопрени туку се шират и тестираат за да се спречат евентуални напади, нагласуваат експерти од ОН во најнов извештај.
Во документот доставен до СБ на ОН, се нагласува дека Северна Кореја продолжува да избегнува санкции на ОН меѓу останатото и со масовно поврзување на илегално пренесување нафта и јаглен од брод на брод.
Исто така, се наведува дека државата продолжува да крши ембарго за оружје, луксузни производи и финансиски санкции.
Извештајот е испратен до членките на СБ на ОН и во него не се споменува дека лидерот Ким Џонг Ун презел чекори за елиминирање на нуклеарното оружје и балистичките ракети.