Државното претпријатие ЕСМ и компанијата АДОРА, попладнево постигнаа договор за закуп на топланите Запад и Исток кои се сопственост на АДОРА. Нив ќе ги користи ЕСМ во процесот на обезбедување парно за Скопје. Со ова се смета дека е решен проблемот за греење. Како што попладнево информираа од државното претпријатие, договорот за закуп е со трајност за времетраење на тековната грејна сезона, односно до крајот на април догодина.
Advertisements

Топланите досега ги користеше Балкан Енерџи Груп, но оваа фирма остана без лиценците зашто немаше пари да купува гас. Поради студеното утро денеска со топли радијатори се разбудија само корисниците на топланата Скопје-Север, која не е дел од Балкан Енерџи. Станува збор за околу 500 домаќинства и мали фирми. Грејната сезона официјално треба да почне идната сабота на 15 октомври.