53 евра за мегават час е цената која што ЕСМ ја понуди на тендерот на Универзалниот снабдувач, ЕВН ХОУМ. По оваа цена државните електрани ќе ја продаваат произведената струја до крајот на годината. Таа е за три евра или за 5,3 отсто пониска од досегашната цена, која изнесуваше 56 евра за мегават час, објави ТВ Телма.
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ.
АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 53 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини, велат од ЕВН.
Од оваа цена најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните во следните 6 месеци. Сепак влегуваат и други параметри, но и ДДВ кое од први ќе скокне од 10 на 18 отсто.
Сега на потег е Регулаторната комисија, која треба да каже што од барањата на другите енергетски компании ќе биде прифатено.
Мепсо бара зголемување на цената за преносот за 50 отсто. Но според неофицијални информации предлогот тука да има намалување за 17 проценти. Електродистрибуција пак бара поскапување на својата услуга за околу 30 отсто, но исто така неофицијално, предлогот е тие да добијат само околу 2 проценти зголемување. Сепак, процентот во крајната цена на Мемо, Мепсо и Електордострибуција е помал, од она на државните електрани.
Дали од први јули ќе има намалување или благо поскапување на струјата, ќе се знае следната недела кога РКЕ ќе ја соопшти одлуката. Премиерот пак со побрзи пресметки од регуалторот. Вели струјата нема да поскапи.
-Не очекувам ценовен шок, јас можам да ги убедам граѓаните нема да има ценовен шок ,нема да има зголемување на цената на струјата, затоа веќе определивме и пари во буџетот, вели Димитар Ковачевски- премиер.
Иако, речиси два месеци се најавуваше дека од први јули ќе има и евтина дневна струјата, која се укина пред околу една година, тоа тешко дека ќе се случи. Според објаснувањата на надлежните потребен е временски период за промена на броилата за да може домаќинствата да ја добијат оваа поволност.