АД ЕСМ денеска соопшти дека ќе постапи согласно насоките и заклучоците од Државната комисија за спречување корупција, која на вчерашната седница ги објави резултатите од анализите направени во однос на првите 18 случаи на непотизам при вработувања.

– По добивањето на официјалниот документ од Комисијата со нивните заклучоци и насоки, и по информирањето на Владата и на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, заеднички ќе бидат утврдени понатамошните конкретни чекори, стои во соопштението.

Како општествено одговорна компанија, се подвлекува во соопштението, како и досега во врска со наведениот случај, така и за постапките кои следуваат, јавноста ќе биде навремено известена од наша страна.

Инаку, ДКСК ги реазгледуваше вработувањата во АД ЕЛЕМ на блиски роднини на високи владини функционери и пратеници.