Лидерот на Алтернатива, чија партија е дел од коалицијата „Европски сојуз за промени“ додава дека кандидатот на коалицијата ќе биде почитувано име кое, како што вели, ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во С Македонија по првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од тројката опозциски партии на Албанците, денеска на својот профил на Фејсбук објави дека името на претседателскиот кандидат со кој на изборите на 24 април ќе настапи коалициајта „Европски сојуз за промени“ е веќе познато, а во наредните денови ќе биде и јавно објавено.
„Денеска, кога и официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека ‘Европскиот сојуз за промени’ веќе има свој кандидат за претседател. Сојузот има кандидат кој влегува во оваа трка за да победи и да стане претседател на … Македонија, кој нема да биде ‘другиот’, туку ќе биде ‘нашиот’“, пишува Гаши во објавата на Фејсбук.
Во фејсбук-објавата тој додава дека кандидатот на коалицијата на опозициските партии на Албанците ќе биде почитувано име кое, како што вели, ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во С Македонија по првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата.