Естонија денеска им забрани на бродовите што пловат под руско знаме да влезат во нејзините пристаништа на Балтичкото Море во согласност со петтиот пакет санкции на ЕУ против Москва поради инвазијата врз Украина.
Министерството за економија и инфраструктура на Естонија соопшти дека естонските пристаништа се затворени и за бродови кои го смениле знамето од руско во друго.
Ако бродот што плови под знамето на Русија е во неволја, по исклучок, може да му биде дозволено да влезе во пристаниште со дозвола на полицијата и граничарите.