Естонската полиција се надева дека ќе намали број на возачи кои возат пребрзо со тоа што, освен казните, ќе им дели и картички за донирање органи.
Естонија има „богата“ мрежа на камери за мерење брзина на своите патишта и годишно поради тоа се казнети меѓу 12 и 15 отсто од возачите.
– Секако, очекуваме таа кампања да зголеми број на донирани органи, но се надеваме и дека возачите ќе мора да размислат, вели Андрес Синимери шеф на сообраќајната полиција во естонскиот град Парну.
И возачите во таа држава мислат дека со кампањата барем некои од нив ќе станат свесни за тоа во што се впуштаат кога брзо возат.