Укинувањето на сезонските промени во сметањето на времето може да не се случи во 2019 поради отсуство на консензус кај земјите членки на ЕУ.
Ова го потврди денеска австрискиот министер за транспорт, Норберт Хофер, чија земја претседава со ЕУ до јануари.
– Ако бараме да се направи тоа во 2019 како што сугерира Комисијата, тоа нема да биде поддржано од мнозинството земји членки, изјави Хофер.
Европската Комисија по широка консултација со европската јавност најави дека ЕУ ќе ги укине летното и зимското сметање на времето. Нејзината амбиција е тоа да се случи веќе во 2019 година.
На земјите членки останува одлуката дали ќе го одберат летното или зимското сметање на времето, а изборот треба да и го соопштат на Европската Комисија до април 2019.
-Во одредни области технички подготовки ќе бидат потребни, на пример авиокомпаниите ни велат дека им се потребни најмалку осумнаесет месеци за да се подогтват, изјави австрискиот министер.
Тој предупреди дека треба да се внимава да не се создаде „пачворк“ од временски зони. тм/