Европската програма за борбениот авион на иднината напредува, но тензиите меѓу Париз и Берлин опстојуваат. Германија бара слободен пристап до индустриските тајни на Дасо, за да може да ги користи при други проекти, јави дописникот на МИА.
Франција и Германија имаат намера „до пролет“ да го потврдат индустрискиот договор што треба да доведе во 2026 година до производство на демонстратор за летање на Системот за воздушна борба на иднината.
Но, дотогаш ќе мора да се решат тензиите. Прво, Германија би сакала да ги добие одредените технологии развиени од Дасом францускиот производител на борбениот авион Рафал, за употреба во други програми. За Дасо Авијација и Ербас, ова не доаѓа предвид.
Началникот на Генералштабот на германското воено воздухопловство Инго Герхартц дури го спомна и одбивањето на Берлин да се справи со технолошките „црни кутии“ над кои не може да има контрола поради немање на интелектуална сопственост.
Друга точка за решавање, распределбата на задачите. Ангела Меркел смета дека ова споделување е во прилог на Франција.
-Знаеме дека тоа е проект под француска режија, но мора да биде проект каде што двете земји играат рамноправно и има уште многу прашања што треба да се разјаснат, изјави канцеларката во видеоконференција со Емануел Макрон за време на француско-германскиот совет за одбрана минатата недела.
Самоуверен, францускиот претседател објасни дека може да се постигне договор во наредните денови.
-Во следните неколку недели ќе ги решиме преостанати точки и тогаш се надевам дека, до пролетта, ќе можеме да дојдеме до административни и политички валидации што се очекува да го зачуваат календарот и нашите амбиции, рече францускиот претседател Емануел Макрон по француско-германскиот совет за одбрана со Ангела Меркел.
Двете земји, поврзани со Шпанија, се надеваат дека ќе ги потврдат пред германските избори во септември и претседателските избори во Франција на пролет 2022 година, договорите за индустриска студија (фаза 1 Б) за изработка на демонстратор. Сепак, ова претпоставува договор меѓу извршните директори, гласање на буџетот во Бундестагот и потпишување на договори со производителите.
Валидацијата на договорот во голема мера ќе го усложни, секое идно напуштање на проектот, заради износот што беше вложен: една милијарда евра за фазата 1Б од вкупно 6 милијарди кои треба да доведат до демонстраторот. Во оваа фаза, двете земји подеднакво се обврзани на 150 милиони евра во февруари 2020 година за првите демонстраторски студии (фаза 1А) закажани за 18 месеци.
Идниот европски борбен авион СКАФ ќе чини 155 милиони евра. Додека неговото развивање ќе чини 5-8 пати поскапо од Рафал. Скаф треба да ги замени француските Рафал и германските и шпанските Еурофајтер до 2040 година. Повеќе од борбен авион, тоа е систем составен од уред поврзан со ескадрили на беспилотни летала.