Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европска Унија обезбеди дополнителни 300 милиони дози вакцини против Ковид-19 од Фајзер и БиоНтек, со што двојно е зголемен бројот на вакцини за ЕУ и нејзините соседи.
Таа на прес-конференција во Брисел најави дека 75 милиони дози вакцини ќе бидат испорачани до крајот на вториот квартл на 2021 година, а дргите во втората половина од годината.
– Неодамна ја одобривме и вакцината на Модерна. Со две авторизирани вакцини имаме доволно дози за 380 милиони граѓани, што е околу 80 проценти од популацијата, посочи Лајен.
Таа додаде дека ЕУ има договор со шест фармацевтски компани и во моментот има нарачано 2,3 милијарди дози, што според неа се доволни за ЕУ, но и за нејзините соседи.
– Ќе бидеме безбедни само тогаш кога сите во ЕУ и во соседството ќе имаат пристап до вакцините, наведе Лајан.