Еврокомесарката за здравство и безбедност на храната, Стела Киријакиду, денеска пристигнува во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија, а во бугарскиот главен град таа ќе разговара за плановите за вакцинација со бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за здравство Стојчо Кацаров.
Главните прашања што треба да се дискутираат со бугарските власти се стратегијата на Европската унија за вакцинирање, ширењето на националната кампања за имунизација против Ковид-19 и идните активности по предлозите на Унијата.
По разговорите, комесарката Киријакиду и министерот Кацаров заедно ќе го посетат мобилниот центар за имунизација против Ковид-19 на плоштадот „Александар Батенберг“ во Софија. Потоа двајцата ќе ја посетат мултифункиционалната болница „Св. Ана “, каде ќе се сретнат со медицинските тимови директно вклучени во вакцинирањето на граѓаните.