Од денеска, земјите на Европската Унија живеат на кредит, што значи дека се потрошени ресурсите кои планетата ги нуди за цела година, предупредуваат организациите за заштита на животната средина.
Овој ден познат и како „ден на надминување“ се паѓа сѐ порано во текот на годината, алармираат невладините, па така во 1961 година тој бил во текот на октомври.
Ова значи и дека доколку целата планета живее како европските земји, тогаш би биле потребни вкупно три планети. И покрај фактот што европското население претставува само седум отсто од светското, континентот троши дваесет отсто од биокапацитетот на земјата поради интензивните активност како риболовот, земјоделството, градежништвото и друго.
Ако се погледне подетално постојат сепак значајни разлики меѓу одделни земји членки на ЕУ; па така, во Луксембург, „денот на надминување“ се падна кон средината на февруари, во Белгија во април, а Романија ќе го постигне во текот на јуни.