Европската унија ги продолжи санкциите за Русија уште една година поради своите акции против Украина, објави денес Европскиот совет.
Во соопштението, Советот вели дека мерките се однесуваат за лицата од ЕУ и компаниите со седиште во ЕУ до 23 јуни 2019 година.
Опфатот на санкциите е „ограничен на територијата на Крим и Севастопол”, најголемиот град на полуостровот, се вели во извештајот.
Санкциите вклучуваат забрани за увоз на производи, инвестиции, туристички услуги и извоз на одредени стоки и технологии.
“Четири години од незаконската анексија на Автономната Република Крим и градот Севастопол од страна на Руската Федерација, ЕУ потврди дека не ја признава и продолжува да ја осудува оваа повреда на меѓународното право”, се додава во соопштението.