Европската унија го казни Амазон со 886,6 милиони долари (746 милиони евра) за обработка на лични податоци, со што е прекршена Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци (ГДПР).
Луксембуршката национална комисија за заштита на податоци (ЦНПД) го осуди Амазон Европа со одлука на 16 јули, соопшти гигантот за е-продажба во поднесокот доставен до регулаторите.
– Веруваме дека одлуката на ЦНПД е неоснована и имаме намера енергично да се браниме по ова прашање, се вели во поднесокот.
ГДПР бара компаниите да бараат согласност од луѓето пред да ги користат нивните лични податоци, во спротивно се соочуваат со големи казни.
Американскиот Волстрит Џурнал во јуни, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, јави дека компанијата може да биде казнета со повеќе од 425 милиони долари според законот за приватност на ЕУ.