Европскиот парламент денеска усвои резолуција за проширување на ЕУ со која ѝ се препорачува ЕК напредокот на Србија кон ЕУ да го условува со воведување санкции против Русија, како и со видлив напредок во реформите, објави Б92.
Усвоен е и амандман со кој меѓу другото се препорачува преиспитување на претпристапните фондови за Србија и проектите финансирани од нив.
Пратениците на Европскиот парламент на пленарната седница во Стразбур ја усвоија Резолуцијата за проширување, чиј автор е хрватскиот пратеник Тонино Пицула.
Од 638 европратеници, 502 гласаа „за“, додека 75 беа прогласени, а 61 беа воздржани.
Во делот на Резолуцијата за Србија, преку амандмани предложени од политичката група на европските социјалисти, се бара усогласување на надворешната политика на Унијата, воведување санкции против Русија и преиспитување на финансиската помош за Србија со цел да се обезбеди дека сите расходи на ЕУ се целосно во согласност со стратешките цели.
Во амандманот се наведува дека, доколку не се воведат санкции против Русија, Србија не треба да напредува на европскиот пат.
Извор: Б92