Службата за надворешни работи на ЕУ соопшти дека Мирослав Лајчак и официјално е назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина како и за западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Задачата на новиот Специјален претставник на ЕУ ќе биде постигнување на целокупна нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, да се подобрат соседските односи и помирувањето меѓу партнерите на Западниот Балкан, да им се помогне да го надминат наследството од минатото и да придонесе за конзистентноста и ефикасноста на дејството на ЕУ на западен Балкан, соопшти службата.
Лајчак започнува веднаш со новите работни задачи, а начелниот мандат му е од 12 месеци.
Лајчак беше министер за надворешни работи на Словачка и специјален претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина.ЕУ официјално го назначи Лајчак за специјален претставник за Западен Балкан.