Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да го разгледа предлогот на шефот на руската држава Владимир Путин за воведување мораториум за распоредување ракети со среден и краток дострел во ЕУ.

Ова го пишува весникот „Франкфуртер алгемајне“, кој имал увид во писмото кое Макрон му го пратил на Путин.

Според германскиот весник, Макрон  на 23 октомври испратил одговор во кој се наведува дека иницијативата на Путин треба внимателно да се проучи во билатерални и повеќестрани формати.

Кон крајот на септември, портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков изјави дека Путин на шефовите на „главните држави во Европа и Азија“ им испратил писмо за проблемот со ракетите со среден и краток дострел. НАТО потврди дека го примил писмото, но челниците на Алијансата не смее дека предлогот заслужува да биде разгледан.

Францускиот претседател претходно во интервју за списанието „Економист“ изјави дека „НАТО во целост ја изгубил координацијата внатре во Алијансата, што може да се окарактеризира како мозочна смрт “.

Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел престана да важи на 2 август. Иницијатор беа САД, кои ја обвинија Русија дека не го почитува договорот, додека Москва ги негираше сите обвинувања.

Експертите стравуваа дека тоа би можело да предизвика трка во вооружувањето.