Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ја осуди денеска воената интервенција и преземањето на власта во Мјанмар, барајќи да се ослободат оние кои војската ги уапсила во извршените рации низ земјата.
– Исходот од изборите мора да се почитува и демократскиот процес треба да се однови, напиша Мишел на Твитер.
Војската на Мјанмар рано изутринава прогласи вонредна состојба во траење од една година, ја презеде власта во државата и потврди дека извршила апсење на високи владини функционери како одговор на изборната измама.
Воените сили потврдија дека е уапсена премиерката Аунг Сан Су Чи, која е добитничка на Нобеловата награда за мир и лидер на партијата Национална лига за демократија која убедливо победи на ноемвриските избори.