ЕУ му воведе санкции на Иран поради испраќање дронови на Русија

/ 21.07.2023

Иран го задржува правото на реципрочна и пропорционална акција откако ЕУ воведе нови санкции поради наводната поддршка на Техеран за руската инвазија, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

Иран повторно негира дека испраќа беспилотни летала во Русија, пишува Гардијан.

ЕУ вчера објави дека ќе го забрани извозот на компоненти кои се користат во изградбата и производството на беспилотни летала (UAV). Исто така, предвидуваат ограничувања за патување и замрзнување на имотот на поединци кои се одговорни или ја поддржуваат иранската програма за беспилотни летала.

ЕУ, исто така, стави шест ирански државјани на списокот со санкции поради поддршка на руската агресивна војна против Украина и сирискиот режим. „Поврзаноста на украинската војна со билатералната соработка меѓу Иран и Русија е политички мотивирана. Иран го задржува правото да преземе реципрочни и пропорционални акции против санкциите на ЕУ и нејзините членки“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.


Од истата категорија