Европскиот совет соопшти дека едногласно одобри ново одложување за излезот на Велика Британија од ЕУ до 31 јануари следната година.
Одлуката е „потпишана“ откако вчера е постигната претходна согласност од пратениците на земјите членки од ЕУ.
Се наведува дека лидерите на држави или влади на ЕУ се согласуваат да дадат повеќе време за ратификување на изменетиот договор постигнат со Лондон. Исто така, се додава дека доколку британскиот и Европскиот парламент завршат порано со ратификацијата, одложувањето ќе важи до 1 декември годинава или до 1 јануари следната година.
Се до повлекувањето од ЕУ, Велика Британија останува членка на Унијата со сите права и обврски кои следуваат, соопшти Европскиот совет.