Европска Комисија денеска го критикуваше полскиот закон за ограничување на странската сопственост врз домашни медиумски компании, што беше усвоен од Долниот дом на Парламентот.
– Плурализмот во медиумите и разновидноста на мислењата се она што силните демократии го поздравуваат, а не борбата против нив. Полскиот нацрт-закон за емитување испраќа негативен сигнал, напиша на Твитер потпретседателката на ЕК, Вера Јурова.
Полските пратеници синоќа го усвоија нацрт-законот со 228 гласови „за“, 216 „против“, а 10 беа „воздржани“.