Европската унија предупредува за опасностите од воена ескалација во Венецуела и нагласува дека ќе продолжи учество во меѓународни иницијативи во обид да се најде мирно решение за кризата во таа држава.
– Категорично исклучуваме од ЕУ каква било поддршка или согласност за воена ескалација во Венецуела, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по средба со министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Шпанскиот минстер за надворешни работи Жозел Борел изрази стравување од информации за распоредување воени сили на САД на границата меѓу Колумбија и Венецуела.
– Тие информации треба да бидат потврдени, ние треба со сите средства да избегнеме воена ескалација во Венецуела, изјави тој.