Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис изјави денеска дека ЕУ е во преговори со американската компанија „Модерна“ за обезбедување дози на кандидати за вакцина против Ковид-19, но преговорите се уште не се завршени.
– Преговорите со компанијата се во тек. Се уште немаме заклучок или потпишан договор, истакна Киријакидис пред европратениците.