Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во Северна Македонија и Црна Гора преку програмата Ковакс.
„ЕУ е меѓу оние кои најмногу придонесуваат за Ковакс и е солидарна со своите партнери за да се обезбеди вакцините да стигнат до сите. Ќе излеземе заедно од пандемијата”, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.
Во Црна Гора и Македонија, преку програмата Ковакс, денеска пристигнаа по 24.000 дози на вакцината АстраЗенека
ЕУ во својата порака на Твитер истакна дека поддршката на Унијата за програмата Ковакс помага да се осигура дека безбедните вакцини ќе стигнат до сите подеднакво.