Европската унија разговара со „Модерна“ за купување повеќе вакцини против Ковид-19, а „АстраЗенека“, со која преговорите се во застој, предложи доставување дози на сопствена вакцина произведена надвор од Европа за да се компензира намалувањето на испораките, велат два извори од ЕУ.
Европската унија постави цел да вакцинира 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото, но се бори да ги обезбеди количините ветени од фармацевтските компании. Сега се обидува да ги прошири своите резерви на вакцини, кои веќе изнесуваат скоро 2,3 милијарди дози од шест производители за своето население од околу 450 милиони.
ЕУ преговара со „Модерна“ за нов договор за снабдување со вакцини, што може скоро да ја удвои количината на вакцини од американска компанија за биотехнологија, изјавија двајца високи претставници на ЕУ.
ЕУ преговара со „Модерна“ за нов договор за снабдување со вакцини, што може речиси да ја удвои количината на вакцини од американска биотехнолошка компанија, изјавија двајца високи претставници на ЕУ, пренесува Танјуг.
Според договорот за кој се преговара, ЕУ ќе обезбеди 150 милиони дополнителни дози на Модерна, покрај 160 милиони што веќе ги резервираше минатиот месец.
Еден од двајцата службеници рече дека одредена сума може да биде доставена до јуни.
Вториот извор беше повнимателен, укажувајќи на тешкотиите со кои се соочува Модерна, испорачувајќи само 10 милиони дози на ЕУ во првиот квартал од 2021 година.