Шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ на 21 јануари ќе одржат вонредна средба на врвот за борбата против коронавирусот преку видеоконференциска врска, соопшти на Твитер портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Баренд Лејтс.
– На 21 јануари во 18 часот по локално време претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе одржи онлајн средба со лидерите на 27-те земји членки на ЕУ со цел координирање во врска со Ковид-19, напиша Лејтс на Твитер.